Интервју со Хаџи Иљоски од Авто Чајка: Посветеноста на работата е нашето движечко мото, задоволните клиенти нашиот материјален доказ


Автомобилската индустрија која е сконцентрирана на прецизни операции, се стреми кон усовршување на удобноста на патувањето и зајакнување на сигурноста на автомобилот.


 

Проектирањето нови модели со технолошкиот развој е во постојана трка со конкуренцијата,. Успешноста на процесот зависи од квалитетот, но и добриот маркетинг.

Пристапноста на цената и економичноста во потрошувачката на гориво на возилото, се предности поради кои граѓаните одлучуваат каков автомобил ќе купат.

За поедини граѓани бенефитите кои ги носи компјутеризираната опрема, повеќето воздушни перничиња или електрификацијата, се условите за да се одлучат за автомобил.

Постојат примери во светот кои имаат специјални барања, како позлатени ретровизори или контролна табла со дијаманти, што не е случај во македонското општество.

Правилниот избор на автомобил од професионалци и неговата нега, претставуваат лежерност во патувањето

Купување нов или половен автомобил, со соодветно одржување во механичарско-лимаро-фарбарски сервис го нуди компанијата со традиција „Авто чајка“.

Сопственикот Ивица Хаџи Иљоски поседува долга традиција во автомобилскиот сектор. Тој за „Опсервер“ го раскажа својот успешен пат во секторот на автомобилизмот.

Традицијата од 27 години, зборува за квалитетната услуга што ја одржува фирмата до денес.

„Со мојот ортак Ацо Новески од деца имавме желба да работиме со автомобили. Често разговаравме на таа тема од мали со различни предлози и лични видувања. Сето тоа кога веќе кога бевме подготвени како возрасни, го реализиравме во стварност. Во 1994 година конечно го започнавме нашиот бизнис кој трае до денес“.

Да се изгради име и да се привлечат клиенти во масовната автомобилска индустрија, каде што конкуренцијата е постојано присутна, не е едноставно. Потребна е работа и многу време за запознавање на брендот и неговите услуги, од страна на клиентите.

„Започнавме како автоперална. Подоцна преминавме во авто- механичарски сервис, а потоа следуваше продажба на нови и половни возила. Околу шест години ни беа неопходни да се докажеме и избориме за препознатливост на пазарот. Потоа следуваше пренасочување со кое нудевме поволности на клиентите, односно замена старо возило за ново, со доплата. Ова ги мотивираше нашите граѓани дополнително да не посетуваат“- вели Хаџи Иљоски.

Познавањето на автомобилите и секојдневното следење на новите модели, погодности и карактеристики е задолжително за секој од вработените, вели Ивица.

„Нашето искуство и желбата секој клиент да биде услужен и задоволен, е дополнето со редовна посета на саеми и семинари во странски држави. Најчесто одиме во Германија каде се обучуваат нашите професионалци. Тоа е основата за успешна компанија. Посветеноста на работата е нашето движечко мото, задоволните клиенти нашиот материјален доказ“ – потенцира тој.

Салонот на „Авто Чајка“ во Штип

Од самиот почеток компанијата е застапник на неколку брендови возила. Тоа подразбира умешност за сите подеднаквосо нивните карактеристики. Согласно на тоа потребна е одговорна работа.

„Ние работиме со марките Hyundai, Peugeot, Ford, Toyota и Honda, за што тимот кој го одбравме има врвни знаења за нив и постојано е во тек со новите случувања. Ги потенцираме законските норми и регулативи покрај продажбата, претставувајќи ги условите за кредит и лизинг на купувачите за да им го олесниме процесот за стекнување на возило“-објаснува Хаџи Иљоски.

Ивица Хаџи Иљоски, сопственик на „Авто Чајка“

Работата во Тетотво и Штип придонесува кон потполна концентрација на салоните, за секаде да бидат задоволени професионалните критериуми и принципи кон купувачите.

„Прво започнавме во Тетово, а во 2007 комплетен автосалон и сервис во Штип. Колку што можеме ќе се трудиме, се во служба на клиентите. Задоволните купувачи се нашиот доказ за успешност и големиот број награди од автомобилските здруженија и компании. Највеќе значајни за нас се двете награди, за најголема продажба на Пежо во 2015 и за најголема продажба на Хундаи во 2016 година.“

Во периодот на пандемијата со Корона, како и во секој бизнис опадна продажбата. За многу компании тоа значеше намалување на финансиската заработка.

„Во ова време- невреме не би можел да кажам каква иднина предвидувам на автомобилската индустрија. Нашето функционирање се базира на долгорочна стратегија за раст и развој. Посебно сум горд што ортачки бизнис успеа толку години, затоа се надевам на плодна соработка уште долго време“- заклучува Хаџи Иљоски.

Салонот на „Авто Чајка“ во Тетово

Иднината на продажбата на автомобили

Автомобилите кои се сметаат за претходници на современите модели денес, се американскиот Рамблер и француското Рено во 1902/03 година.

Во седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век, во нашата земја  карактеристична е марката Застава 101, но и италијанскиот Фијат 1300. Повозрасните генерации овие модели, ги паметат како врвни автомобили од тоа време.

Со забрзаната дигитализација на светот, автомобилската индустрија се подготвува за огромна промена со иновативни решенија. Индустријата прифаќа технологии како што се вештачка интелигенција која вклучува апликации и софтвер, кои овозможуваат компјутеризиран автомобил.

Последните две години најпродавани статистички на врвот од листата, беа автомобилите на Volkswagen Polo, Volkswagen Golf и Renault Clio. Додека најскапи беа Bugatti La Voiture Noire со цена од 19 милиони долари, Pagani Zonda HP Barchetta кој изнесува 15, 5 милиони долари и Rolls-Royce Sweptail исто така со 15 милиони долари.

Според последните анализи, електричните возила се иднината на автомобилизмот. Во моментов во производството предводи компанијата „Тесла“ на сопственикот Илон Маск, чие богатство според индексот на Блумберг се проценува на 300 милијарди долари.

Рената Блажевска