Жбогар заигра на „Македонско девојче“ на Денот на независноста на Република Македонија


Евроамбасадорот Самуел Жбогар беше еден од гостите денеска на прославата на 8 Септември – Денот на независноста, која под мотото „Боите на независноста“ се одржа на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Тој присустуваше на целата свеченост заедно со министри од Владата, амбасадори, градоначалници, пратеници, граѓани, а во еден момент кога се слушна песната „Македонско девојче“, евроамбасадорот се фати на оро.

Тој објави и твит во кој вели дека не можел да оддолее, а да не се фати на орото.

-Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна „Македонско девојче“, твитна евроамбасадорот Жбогар.

Вести

Сноуден сака да добие азил во Франција

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден изјави дека се надева дека Франција ќе му додели азил. Во интервју за француското радио „Франс ентер“ тој вели дека „би сакал да види“ дека францускиот претседател Емануале […]

Бизнис

Од утре почнуваат отворените денови на Централниот регистар

Од утре почнуваат отворените денови на Централниот регистар на кои граѓаните ќе имаат можност да се информираат за прашања поврзани со услугите и работата на оваа институција. Отворените денови ќе траат до 4 октомври, а […]

Вести

Разрешена Јанева, утре ќе се регулира статусот на останатите обвинители во СЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“ веќе е разрешена. Останува да се регулира статусот на другите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство, бидејќи согласно законот […]