Уапсен осумдесетгодишен „празничен крадец“ во САД


Семјуел Сабатино (82) ги минувал празничните викенди возејќи се, најчесто – од Флорида до Менхетн, но можеби и во други сојузни држави и градови. Сепак, неговата првична цел не била прошетка, туку – натрапување во празни станови.

Старецот на тој начин, во текот на пет години само во градот Њујорк, извршил најмалку десет кражби, при што материјалната штета изнесува вкупно околу 400.000 американски долари. Надлежните го нарекоа „празничен крадец“, бидејќи кражбите ги вршел во празнични денови – Денот на независноста, Денот на трудот, Денот на благодарноста…

Се верува дека само годинава украл пари и предмети во вкупна вредност од 100.000 американски долари. Тој беше уапсен викендов во Њујорк.


Вести

Индекс на демократија на „Економист“: Македонија на 77. место во категорија „хибридни режими“

– Демократијата во Македонија според најновиот Индекс на демократија за 2019 година на неделникот „Економист“ се подобрила за едно место и сега се наоѓа на 77. место со 5,97 поени, веднаш после Сингапур. Скалата е […]

Вести

Се зголемува бројот на заболени од грип, регистрирани над 1.000 заболени

– Се зголемува бројот на заболени од грип. Изминатата недела се регистрирани повеќе од 1.000 заболени. Пристигнати се 40 материјали за тестирање од нив 20 се позитивни. Во државава циркулираат три типа на вирусот – тип […]

Вести

Уставниот суд не поведе постапка за амнестијата за „27 април“

– Уставниот суд не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина, додека иницијативата за оценка на членот 2 од истиот закон е отфрлена, бидејќи веќе е одлучувано по […]