Три навики на среќните луѓе

Кинезите помалку страдаат од рак, депресија, астма и туберкулоза, а тајната за тоа е среќата, пишува бугарскиот портал „Жената“.

Кога се чувствувате вознемирено, одредени правила, принципи и навики можат да Ве направат посреќна личност, но и да ги сведат вашите секојдневни проблеми на минимум. За да го намалите чувството на стрес, како и лошото расположение, се препорауваат следните три нешта…

1. Разберете се себе си и своите чувства

Дефинирањето на одделни свои емоции ја намалува нивната способност да нè преокупираат. Така, само кога ќе сфатиме и признаеме како се чувствуваме, ќе успееме да ги победиме негативните емоции и нивното штетно влијание.

2. Контролирајте ги чувствата

Американскиот невробиолог Алекс Корб тврди дека најголемиот непријател на човекот е неговиот мозок. Секоја емоција се активира во одреден дел од нашиот мозок. Задоволството е можеби најсилна од нив, многу посилна од чувството на срам, гордост и вина.

Стресот е тесно поврзан со центарот за задоволство, па поради тоа нужно е да научиме како да ги контролираме тие емоции и да го опуштаме тој дел од мозокот, како и целото тело. Како тоа најлесно се прави? Доволно е само да се прашате за што сè сте благодарни!

3. Не оддалечувајте се и не ги одбегнувајте блиските

Физичкиот контакт со блиските околу нас е исклучително важен за Вашата среќа. Кога емоционално отфрлате некој човек, тоа остава душевна болка и траги и кај него / неа, но и кај Вас. Емоционалната болка е исто толку битна како и физичката.

Социјализацијата го менува човекот драстично, па така, како што отфрлањето предизвикува болка, прифаќањето нè мотивира на развој. Во таа смисла, физичкиот контакт е еден од главните елементи.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]