Таткото на Меган Маркл ја моли за слика од внукот


Од извори блиски до војвотката од Сасекс, Меган Маркл, западните медиуми дознаваат дека пред извесно време, таа му напишала трогателно писмо на својот татко.

Оттуѓениот татко на Маркл ја молел војвотката и принцот Хари да се смират со него, за тој да може да си го види внукот… А сепак, деновиве ги критикуваше поради „нивното лицемерие и нечесност“.

Имено, Томас Маркл за „Дејли Мејл“ изјави оти се надевал, доколку не го види бебето Арчи, барем да добие слика од него, но тоа не се случило.

– Би сакал да ми испратат фотографија на Арчи, за да можам да ја врамам и да си ја ставам на ѕидот, до таа на Меган. Нели е тоа она што секој дедо би го посакал? Би сакал да знам дали го има препознатливиот нос на Меган. Понекогаш ми се чини оти луѓето мислат дека не ја сакам ќерка си. Многу ја сакам!, вели 74-годишниот Томас во интервјуто.

Натаму, тој вели дека се надевал дека откако ќе стане мајка, Меган ќе омекне и „ќе му подаде рака“.

Томас Маркл го избегнуваше интересот на јавноста со месеци. – Тоа го правев само за на мојата ќерка да не ѝ предизвикам стрес и негативни емоции во бременоста, истакна тој.


Вести

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето […]

Вести

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА. Питон де […]