Спајк Ли ќе биде првиот црнец претседател на жирито во Кан


– Режисерот Спајк Ли (62) изјави дека е „шокиран, среќен и истовремено горд“ од поканата на филмскиот фестивал во Кан годинава тој да претседава со жирито, пишуваат француските медиуми.

Ли има силна врска со фестивалот бидејќи режисерот во текот на изминатите години во Кан имаше премиера на седум свои филмови.

Изборот на Спајк Ли доаѓа еден ден по бранот критики за номинацијата за Оскарите поради „игнорирањето на работата“ на режисерите и актерите од малцинските групи во САД.

Се очекува на годинешното издание на фестивалот во Кан Спајк Ли да биде награден со Златна палма за целото свое творештво.


Вести

Премиерот на Русија, Медведев поднесе оставка (ДПЛ)

Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.   Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност […]

Вести

Четириесет и пет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Четириесет и пет лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираа денеска за МИА од Скопската епархија.   […]

Бизнис

Народна банка: Камaтната стапка се намалува на 2 отсто

На 14 јануари 2020 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната […]