Сопругата му го гаси ви-фито кога ќе се задржи подолго в тоалет


– Приказна споделена на интернет-страницата за дружење Редит, стана вистински хит на интернет.

Имено, една неодамна омажена жена објасни дека секојпат кога нејзиниот сопруг ќе влезе в тоалет, таа му ја гаси ви-фи врската, оти премногу време минувал внатре. Она што ја направи објавата вирална, е образложението на младата невеста.

Причината поради која го прави тоа е тоа дека таа е убедена дека тој со часови седи во тоалетот, за да ги избегне семејните обврски. Според пишувањата, тие двајца имаат и мали бебиња.

– Секојпат кога ќе побарам нешто од него, тој оди в тоалет. Просечната „сесија“ му трае 25 минути, па јас морам сама да вршам 80 отсто од обврските околу децата, додава жената.

Поради тоа, кога сопругот ќе се задржи повеќе од 10 минути заклучен в тоалет, таа му го исклучува интернетот.


Вести

Премиерот на Русија, Медведев поднесе оставка (ДПЛ)

Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.   Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност […]

Вести

Четириесет и пет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Четириесет и пет лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираа денеска за МИА од Скопската епархија.   […]

Бизнис

Народна банка: Камaтната стапка се намалува на 2 отсто

На 14 јануари 2020 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната […]