Се разбудила по 72 часа клиничка смрт


Девојка од источно-кинеската провинција Фуџијан се опорави по 72-часовна клиничка смрт, откако на 1 јануари била итно примена в болница поради забрзано чукање на срцето.

По згрижувањето, нејзиното срце прекинало да работи, а таа ја загубила свеста. Лекарите утврдиле миокардитис – воспаление на срцевиот мускул, па веднаш била приклучена на апарати.

Тие ѝ го спасиле животот, но срцето повторно почнало да пумпа крв дури следното утро, а во наредните 72 часа ѝ се вратила и свеста.

– Откако ги отвори очите, ја прашав дали е среќна и дали може да ме фати за рака. Кога таа го направи тоа, сфатив дека таа се врати во живот, раскажува д-р Занг Минвеј од болницата при Универзитетот на Сјамен.

Вести

Законот на ЈО во август, ако се постигне консензус

Владата вчера на седница го усвои Предлог-законот за Јавното обвинителство и донесе одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка. На предлог на Министерството за правда Владата прифати […]

Вести

Хан и Рикер доаѓаат во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот […]

Вести

Јанева негира вмешаност во „Рекет“, тврди дека некој со сите сили сака да го урне СЈО

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева вчера на прес-конференција негираше дека е вмешана во случајот „Рекет“. Обвини дека против неа и нејзиното семејство се води хајка уште од самото стапување на функцијата, со цел нејзина […]