Пума луташе низ испустениот Сантијаго за време на полициски час (видео)


 – Дива пума, во потрага по храна, се спушти од планините околу Сантијаго и се прошета низ празните улици на чилеанскиот главен град, во време кога во него е во сила полициски час поради корона-пандемијата.

Животното е фатено вчера, по интервенција на полицијата, Службите за земјоделство и сточарство (САГ) и тим од градската Зоолошка градина.

– Ова некогаш било нивно природно живеалиште, од кое ние сме ги потиснале… Пумата не е повредена и е здрава, истакна Марцело Џијањони, регионален директор на САГ. Денес во Сантијаго има скоро седум милиона жители.

Пумата е една година стара и е тешка 35 килограми. Пренесена е во зоолошката, каде што стручните лица треба да ја прегледаат.

Владата во Чиле во неделата воведе полициски час поради ширењето на коронавирусот. Во земјата до вчера биле заразени 922 лица, а две се починати. Претходно, Чиле ги затвори своите копнени, морски и воздушни граници.


Вести

Две лица починаа на Инфективната клиника, дијагностицирани 44 нови случаи, вкупно 329

– Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот […]

Вести

Обвинетите во „Транспортер“ осудени на вкупно 36,9 години затвор и 20 години условено

– Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски е осуден на осум години затвор за злоупотреба на службената положба во предметот „Транспортер“. Од 20-те обвинети со него, десет се осудени на вкупно 28,9 години казна затвор, […]

Вести

РКЕ: Граѓаните да не се исклучуваат поради неплатени сметки додека трае вонредната состојба

Останува во сила препораката што пред две недели ја упативме до компаниите вршители на енергетски дејности, како и до јавните претпријатија што се даватели на водни услуги да се воздржат од исклучување на граѓаните од […]