Пронајдени фосили од желка со големина на автомобил


– Во Јужна Америка уште се откриваат фосили од желки со големина на автомобил. Новите се пронајдени во пустината Татакоа во Колумбија и областа Урмако од Венецуела, пренесува Би-Би-Си.

Желка наречена stupendemys geographicus, како што се претпоставува, живеела во областа пред седум до 13 милиони години. Првите фосили од ваква желка се пронајдени 1970-тите години, но овие животни сè уште се мистерија за научниците.

Долги се четири метри, односно биле големи и тешки колку еден просечен автомобил и ги населувале мочуришните предели ширум Јужна Америка, пред да се создадат реките Амазон и Ориноко.

Денешните џиновски желки, за споредба, растат до 1,5 метри во должина.

Мажјаците имале издолжен преден дел од оклопот, во облик на рог, а длабоките лузни на фосилите укажуваат дека тие биле користени како одбрана против противниците. Желките живееле на дното на езерата и реките, заедно со џиновските крокодили, и се хранеле со помали животни, растенија, овошја и семиња.

Нивната големина била клучна во одбраната против другите грабливци. Во еден од пронајдените фосили има заглавен скршен заб од крокодил.


Вести

На шверцерски начин донесен Законот за јавно обвинителство

– Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за“ и 6 гласа „против“, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство. На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за“, […]

Вести

Почна седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

– Со задоцнување од час и половина, почна 135. собраниска седница што беше закажана за 11:00 часот и на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и […]

Вести

Повеќе од еден час доцни седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

– Во секој момент се очекува да почне 135. собраниска седница што беше закажана за 11:00 часот и на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и […]