Поради корона-пандемијата, сите германски хотели се затворени, освен еден


– Сите германски хотели се затворени поради пандемија со коронавирусот… Освен еден. Тајландскиот крал Маха Вајиралонгкорн и неговата придружба, неколку жени и слуги добија специјална дозвола да се засолнат во хотелот Гранд Соненбикл, којшто се наоѓа на падините на Алпите во јужна Германија.

Властите во Гармиш-Партенкирхен потврдија дека хотелот добил посебно одобрение за сместување истакнати гости.

– Тие се единствена хомогена група луѓе кои не се движат никаде, истакна официјален претставник на градските власти.

Тајландскиот крал (67) ја сака Баварија и честопати ја посетува. Меѓу другото, тој поседува и вила на езерото Старнберг. Последниот пат, не ја напуштил земјата поради ширењето на коронавирусот и останал заглавен во Германија.

Поради ова, тој е критикуван на интернет од своите сонародници Тајланѓани кои живеат во странство, но не и од оние во татковината. Во Тајланд, навредите кон кралот се незаконски казниви.


Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]

Бизнис

Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза

31, Март, 2020, Скопје – Сојузот на стопански комори се оградува од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека од наша страна се бараа системски мерки за сите засегнати микро, […]

Вести

Владата со втор пакет мерки за граѓаните и фирмите за увлажување на последиците од Ковид-19

Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво […]