Научници го пресоздадоа гласот на древна мумија


– Научници oд кралскиот Холовеј колеџ во Лондон соопштија дека го пресоздале гласот на 3.000 години стара египетска мумија, со помош на медицински скенери, 3-Д печатачи и електронски душник.

Во трудот објавен во списанието „Сајентифик рипортс“, авторите истакнуваат дека техниката им овозможила да го произведат само звукот „е”. Како што истакнуваат научниците, тонот веројатно не бил прецизен одраз на говорот на египетскиот свештеник Несијамун, со чие мумифицирано тело истражувачите и работеле, оти неговиот јазик изминативе три илјадалетија изгубил голем дел од својот квантитет.

Самиот модел не е доволен за да се реконструираат цели зборови или пак, реченици, се вели во написот.

– Но, тоа е нешто на кое работиме и ќе биде изводливо еден ден, смета Дејвид М. Хауард, еден од авторите на истражувањто.


Вести

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето […]

Вести

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА. Питон де […]

Вести

На шверцерски начин донесен Законот за јавно обвинителство

– Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за“ и 6 гласа „против“, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство. На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за“, […]