Матадорот Пуебла ја разбесни јавноста (видео)

Шпанскиот матадор Моранте де ла Пуебла деновиве привлекува внимание на интернет поради несекојдневен потег од борба со бик, кој предизвика контроверзии.

Имено, некаде пред крајот на претставата, кога жртвата веќе беше многу слаба и исцрпена, матадорот извади марамче, му ги избриша крвавите солзи, па дури потоа го уби животното.

Видеото од сѐ тоа, никого не остави рамнодушен.

– Само зол и изопачен ум може да мачи животно додека не му потече крв по нозете, а потоа и да му ги избрише солзите. Неверојатно е тоа колку овој човек е бесчувствителен!, изјави Силвија Барчеро Ногалес, претседателка на шпанската партија која се бори за правата на животните.

Друштвата за заштита на животните одамна сакаат да се забранат борбите со бикови, кои се дел од  шпанскиот и јужноамериканскиот фолклор, но сѐ уште не успеваат во тоа.


Вести

Европски избори: Различни правила од земја до земја

Секоја држава членка на Европската унија сама ги одредува правилата за изборите за Европскиот парламент. Кој кога гласа ? Британците и Холанѓаните гласаат во четврток на 23 мај, Ирците на 24 мај, Летонците, Малтежаните и […]

Вести

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на […]

Вести

Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“

Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе […]