Корона-криза: Биле себични и непримерни во супермаркет, па сега добиваат закани по живот (видео)


– Двојка од Канада го купувале месо во супермаркет, предизвикале метеж, па сега живеат во страв… Поради тоа, како што велат, добиваат бројни закани, па дури и по живот.

Ден Маркоти и неговата девојка викендов биле снимени како ја полнеле количката колбасици, шунка и други месни производи. И тоа видео било објавено како дел од вестите дека луѓето  купуваат за да се справат со корона-кризата.

Но, тие двајцата, според многумина, практично „се тркале” со другите купувачи, „земајќи им ги од пред нос последните примероци“, се фалеле со тоа, па го навлекле гневот на себе.

Работата отишла дотаму, што сопствениците на трговскиот објект ги обвиниле за создавање паника при и онака тешката состојба со коронавирусот. Потоа следело и ограничување на купувањето.

Маркоти си ја признава грешката… Вели дека тоа го направил поради „анксиозност од корона-кризата“. – Сега сите знаат кој сум, па добивам и смртни закани. Не се јавувам на телефон, а може да ја изгубам и работата. Моја родена мајка се срами од мене, рече тој за тамошните медиуми.

Маркоти, како знак на каење, донирал 1.000 долари за храна во банка во Лејк Кантри.

 


Вести

Детектор: Над 40 проценти од граѓаните очекуваат да бидат заразени, поголем дел задоволни од мерките и лекарите

– Над 40 проценти од граѓаните очекуваат да бидат заразени со коронавирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење што го спроведе Институтот за политички истражувања за емисијата „Детектор“. Истражувањето покажува дека 24,1 процент од анкетираните […]

Балкан

Словенечката Влада го претстави т.н. „Мега корона Закон” со кој граѓаните и економијата ќе добијат три милијарди евра

Словенечката Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана. Целта […]

Вести

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

– Две лица починале изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица од корона вирусот, со што вкупната бројка на починати во земјава од појавата на Ковид-19 достигна шест лица. Станува […]