Ќерката на „архитектот на Третиот рајх“ доби награда за поддршка на еврејските уметнички


Ќерката на Алберт Шпер, кој е познат како „архитектот на Третиот рајх“, Хилде Шрам доби награда за поддршка на проекти на еврејски уметнички.

Шпер прво бил Хитлеров архитект, а потоа и министер за вооружување во нацистичката Влада. Ја преживеал војната, но сепак отслужил казна затвор од 20 години поради својата улога во нацистичкиот режим. Почина 1981 година.

Шрам (82), во 1994 година основаше сопствена фондација, и тоа со парите заработени од продажба на три уметнички дела што ги наследила од нејзиниот татко, а за кои се сомневала дека се одземени од еврејски семества. Фондацијата потоа финансирала над 150 уметнички и историски проекти покренати од Еврејки.

Фондацијата Обермајер секоја година доделува награда на Германци кои имаат значаен придонес кон зачувувањето на наследството на германските еврејски заедници.

Вести

Законот на ЈО во август, ако се постигне консензус

Владата вчера на седница го усвои Предлог-законот за Јавното обвинителство и донесе одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка. На предлог на Министерството за правда Владата прифати […]

Вести

Хан и Рикер доаѓаат во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот […]

Вести

Јанева негира вмешаност во „Рекет“, тврди дека некој со сите сили сака да го урне СЈО

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева вчера на прес-конференција негираше дека е вмешана во случајот „Рекет“. Обвини дека против неа и нејзиното семејство се води хајка уште од самото стапување на функцијата, со цел нејзина […]