Јапонско списание исмеано поради застарени пораки за жените


Јапонското списание „ЈЈ“ ги советуваше жените да им се восхитуваат на мажите со забелешки од типот: „Звучиш како Сократ”, и беше исмеано во земјата, која инаку, по половата рамноправност, е меѓу најлошите во светот, според статистиката.

Познатото модно списание на младите читателки им препорача да го споредуваат момчето со грчкиот филозоф кога тој „ќе изговори нешто комплицирано“. И, тоа предизвика лавина негативни  коментари на Твитер.

Написот притоа објаснува дека ги темели своите сознанија на женски стрип во кој жените ги воздигнуваат мажите и глумат дека се под нивната интелигенција.

Јапонија во 2018 година, имајќи ја предвид родовата рамноправност, беше на 110-то место од 149 земји во извештајот на Светскиот економски форум.

Поради тоа, и премиерот Шинѕо Абе се труди да турка политики кои ќе промовираат јакнење на положбата на жената.

Инаку, на Сократ му се припишува совет: „Секако, оженете се. Ако најдете добра жена, ќе бидете среќни, а ако најдете лоша, ќе станете филозоф”.


Вести

Катица под ПИ-мерки била девет дена

– Посебните истражни мерки за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, се применувале месец и пол покасно од ПИ-Мерките за обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 и сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец, кој биле следени од 20.06.2019 […]

Вести

Боки 13 ја посетувал Катица Јанева во нејзиниот дом, покажуваат ПИ мерките

– Бојан Јовановски – Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ мерките кои денеска се прикажуваат во судница на […]

Бизнис

Поскапуваат бензините

– Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 […]