Харадинај: Косово е среќно што е претставувано од Дуа Липа

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ѝ честита на пејачката по потекло од Косово, Дуа Липа за освоените две признанија на синоќешното доделување на музичките награди „Греми“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај на својата страница на Фејсбук напиша дека „Дуа уште еднаш докажа дека со работа и талент се преминуваат сите граници“.

– Честитки Дуа! Косово е среќно што во светот се претставува со твоето име, напиша Харадинај.

Дуа Липа ги освои нагрдите „Греми“ за најдобар млад уметник и за најдобра ритмичка песна, за нумерата „Електрисити“. 


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]