Џејмс Дин повторно „ќе глуми” во филм


По повеќе од 60 години по својата смрт, Џејмс Дин ќе се појави во филм со помош на специјални ефекти што „ќе го оживеат“ ликот на овој американски актер, потврди продукциската куќа „Меџик сити филмс”.

Во долгометражниот филм „Finding Jack“ чие снимање почнува наскоро, Џејмс Дин ќе ја има улогата на Роган.

Во изработката на специјалните ефекти ќе учествуваат канадското студио „Имаџин енџин” и јужноафриканското „МОИ Ворлд вајд“. Притоа ќе се користи технологијата „фул боди” која создава слика во движење на човек, врз основа на негови фотографии и видео снимки.

„Меџик сити филмс” ги има правата за користење на ликот на Џејмс Дин, кои ги откупи од неговото семејство.

– Неговите најблиски ова го доживуваат како негов четврти филм, што тој никогаш не успеа да го сними… Нема да ги разочараме ниту нив, ниту неговите обожаватели, изјави Антон Ернст, претставник на продукциската компанија и помошник режисер на Тати Голик.

Џејмс Дин загина на 30 септември 1955 во сообраќајна несреќа, на 24-годишна возраст, кога со своето Порше удри во друг автомобил во Калифорнија. Се појави во три филма – „Бунтовник без причина”, „Источно од рајот” и „Џин”, а за последниве два беше номиниран за Оскар. Глумеше и во повеќе ТВ-серии.

Вести

На протестите во Боливија досега има 23 убиени луѓе

Четири луѓе беа убиени вчера во протестите во Боливија со што бројот на жртви од почетокот на кризата во крајот на октомври се најмалку 23, соопшти Интерамериканската комисија за права на човекот. „Од петокот досега […]

Бизнис

Стопанственици бараат увоз на работници од странство

Дали Министерството за труд и социјална политика размислува за увоз на работна сила од трети земји, бидејќи нашата заминува и дали државата е фокусирана на ослободување на законската регулатива за ангажирање на работници од странство, […]

Вести

Кофинансираните специјализанти за утре најавија протест, за Филипче нивното барање е легитимно

Група од 130 лекари на кофинансирана специјализација за утре најавија протест пред Министерството за здравство, на кој ќе го изразат своето незадоволство од условите и договорите по кои работат.  Како причина за протестот го наведуваат […]