Древни „стапици за мамути” откриени во Мексико


Мексикански антрополози соопштија дека откриле два рова, ископани пред 15.000 години, од луѓе ловци на мамути.

Наодот е заслуга на Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја. Рововите во околината на градот Тултепек, северно од Мексико Сити, се длабоки 1,7 метри и долги 25 метри.

Во нив се откриени околу 800 коски од 14 мамути. Од институтот соопштуваат дека станува збор за најголемото археолошко наоѓалиште од ваков вид во Мексико. Се претпоставува дека во таа област имало голем број мамути, кои живееле покрај луѓето, бизони и други животни.

Највпечатливи, секако, се бивните – оние карактеристични издолжени заби вон устата на мамутот и кај некои други цицачи.  си/сд/

Вести

Судството гласно за платите, молк за нефикасноста и застарувањето на предметите

Протестот на судската администрација повторно ги отвори прашањата за функционирањето и ефикасноста на македонското судство. Нивните барања добија јавна поддршка од судиите, на кои министерката за правда Рената Дескоска им забележа дека, како што се […]

Вести

РСЕ: Франција ги соопшти новите принципи за проширувањето на ЕУ

Франција испрати таканаречен „нон-пејпер“ до земјите-членки на ЕУ, барајќи „обновен пристап“ во процесот на проширување кон земјите од Западен Балкан. Исто така, од Европската комисија се бара до јануари 2020 година да објави нова методологија […]

Вести

Застарува делото на Бучковски за „Тенковските делови“

На поранешниот премиер Владо Бучковски му застарува делото во предметот „Тенковски делови“, објави денеска Коалицијата за правично судење, која го следеше овој судски процес. – На денешното рочиште по предметот „Тенковски делови” јавниот обвинител во […]