Времето сончево со слаб ветер, викендот намалување на температурата


– Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.


 

Во Скопје, исто така, сончево со мала до умерена облачност и температура до 27 степени, како и слаб до умерен ветер од југозападен правец.

УХМР и за наредните денови прогнозира сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Поради продор на постудена воздушна маса, в сабота ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено и силен северен ветер што ќе предизвика намалување на температурата во деновите од викендот, особено во северните делови од земјава.