Утре попладне нестабилно со пороен дожд

vreme
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето во земјава утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.


Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Како што најавуваат од УХМР, утре и во следните денови на повеќе места во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите ќе бидат без поголема промена.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK