Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ=10
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Особено топло ќе биде во четврток и петок кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.