Променливо облачно, на планините дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени Целзиусови.  Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 8, а максималната ќе досигне 12 степени.  Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно и потопло време. До понеделник во планинските подрачја ќе има услови за појава на слаб дожд. Утринските температури ќе бидат над нулата, а од почетокот на следната недела дневните температури понекаде ќе го надминуваат дваесеттиот степен