Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи

oblacno
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните и источните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.


Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 30 степени.

Според прогнозата на УХМР, за време на викендов и во почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK