Облачно со локални врнежи од дожд и северозападен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд и со умерен, а наместа долж Повардарието и повремено засилен, ветер од северозападен правец.

 

 

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Времето утре ќе биде облачно, а долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северозападен ветер. За време на викендот температурата значително ќе се намали, а в недела се очекуваат врнежи, кои на повисоките места и на планините ќе бид ат од снег.