Наутро ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност


– Времето наутро во земјава ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.


 

Утринската температура ќе се движи од – 4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст, особено на утринските температури, кои насекаде ќе бидат позитивни. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.