Минусни температури на Попова Шапка и Лазарополе


Утрово на Попова Шапка и во Лазарополе е измерена најниска температура од -1 степен. Следат Берово со 0 степени, 1 Маврови Анови, Крива Паланка, 2 Крушево, 3 Штип, Битола, Претор, 4 Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар, 5 Демир Капија, 6 Тетово, 8 Куманово, 9 Скопје-Петровец, Дојран, 10 Скопје-Зајчев Рид, 11 Гевгелија.

 

 

Според УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во Скопје претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.