Водостоите на реките во намалување, но се уште повисоки од просечните


– Водостоите на сите реки во земјава се повисоки од просечните, но втор ден бележат тенденција на намалување. Исклучок е реката Црн Дрим на мерното место во Ложани каде водостојот е повеќе од двојно понизок од просекот за овој месец.



Позначаен пад на нивото на водата е измерен на Вардар кај Велес и на Пчиња кај Катлановска Бања.

Последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дка нема промена на водостојот на природните езера во земјава во однос на вчерашните мерења.