Водостоите на поголем дел од реките во земјава над јануарскиот просек


Продолжува чистењето на Кумановка покрај кејот - МИА

– Нивоата на поголем број од реките во земјава се над просекот за јануари, покажуваат податоците на Управата за хидро-метеоролошки работи. Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се околу јануарскиот просек, а на Дојранското езеро нивото е над просекот за овој месец.



Нивото на реката Вардар на сите четири мерни места – кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија е над нивото на јануарскиот просек. Кај Јегуновце измереното ниво е 112 сантиметри, а јануарскиот просек е 92 сантимери. На мерното место во Скопје се измерени 111 сантиметри, а просекот за јануари е 97 сантиметри. Повисоко е и нивото мерено кај Велес – 90 сантимерри, каде просекот за јануари е 82 сантиметри. Зголемено ниво има и на мерното местокај Демир Капија, каде нивото е 174, а просекот за јануари  е 146 сантиметри.

Зголемено ниво има и реката Брегалница на мерно место кај Берово, каде се измерени 50 сантиметри, а таму јануарскиот просек е 25 сантиметри. Реката Струмица има повисоко ниво од јануарскиот просек на мерно место кај Сушево, но пониско ниво од просекот на мерно место Ново Село. Зголемено ниво има и реката Црн Дрим. На мерното место кај Ложани се измерени 144 сантиметри, а таму јануарскиот просек е 122 сантиметри.

Денеска водостојот на Охридското езеро е 693.28, што е близу јануарскиот просек кој изнесува 693.38. Слична е состојбата и кај Преспанското езеро каде 842.41, а просекот за јануари е 843.78. Зголемување на водостојот има кај Дојранското езеро и тој изнесува 147.00, за разлика од јануарскиот просек кој изнесува 143.99.