Во текот на утрешниот ден без вода дел од Кисела Вода


Поради изедување на водоводен приклучок од ф 80 милиметри на улица „Виктор Иго“ бб во населба Кисела Вода, во текот на утрешниот ден без вода ќе бидат корисниците од оваа, како и од улиците „Невена Горгиева Дуња“, „Драга Стојановска“, „Балзакова“ и „Дренак“.


 

Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, па се до завршување на активностите.