Викендот топло, од вторник заладување и пад на температурата

Претстојниот викенд ќе имаме топло време со температура до 17 степени, по што од вторник следува пад на температурата кога во утринските часови ќе биде под нулата, а дневната максимална ќе достигне до пет степени.

Викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински  температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус седум до два степена, а дневната од четири до 13 степени. Најтопло ќе биде во понеделник кога ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на темпратурата што ќе достигне до 17 степени. Утринската ќе се движи од минус еден до пет степени. Попладнето се очекува од запад да почнат врнежи претежно од дожд што преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер.

Од вторник се очекува заладување со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет и ќе се формира нова снежна покривка и на пониските места.

Во вторник утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од минус еден до осум степени. Во среда утринската од минус шест до два, а дневната од минус два до шест степени, во четврток ќе биде најстудено кога утринската ќе се спушти до минус 12 степени а највисоката утринска ќе биде исто така во негатива од минус три степени. Дневната во четврток ќе се движи од минус еден до седум степени.

Вести

Судењето за „27 април“ продолжува со завршни зборови на обвинетите

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Вчера завршни зборови дадоа дел од обвинетите. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, […]

Балкан

„Блиц“: САД подготвени на поекстремни потези кон Приштина

По одбивањето на Приштина да ги повлече таксите за производи од Србија, САД се подготвени на поекстремни потези, кои би требало да ги погодат директно политичките лидери на косовските Албанци и нивните главни проекти, пишува […]

Вести

Завршни зборови на одбраната на „Титаник 2“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на кое завршни зборови треба да дава одбраната. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот […]

Вести

Нов состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија

Дали да се препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Гоце Делчев, Илинденското востание се меѓу личностите и настаните за кои ќе се дебатира  на четвртиот состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни […]

Вести

Заев и Ахмети ќе се обидат да најдат заеднички кандидат за претседател

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Заев […]

Бизнис

Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, […]

Интересно

„Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите

Британскиот рок-бенд „Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите в недела, објавија вчера организаторите. Биографскиот филм за славниот пејач Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, има повеќе номинации. Годинава навршуваат 28 години од смртта на […]

Интересно

Пијана жена повикала пожарникари да ѝ ја изгасат „душата која ѝ гори“

Во Уфа, престолнината на руската автономна Република Башкирија, пијана жена се јавила во противпожарната служба и ги повикала пожарникарите за ѝ ја изгаснат „душата која ѝ гори“. Видеото, снимено од пожарникари, се појави и на социјалните […]

Интересно

Портокалови алигатори повторно се појавија во САД

Два портокалови алигатора се забележани на плажата Сајпрус Рич во американската сојузна држава Јужна Каролина. Ова се случува само две години откако друг портокалов алигатор го изненади целиот свет. Необичната боја на животните повторно предизвика […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*