Денеска е Преподобен Симеон Столпник

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 септември.

Денеска е Преподобен Симеон Столпник.

По потекло Симеон беше Сириец. Родителите му беа селани. На 18-годишна возраст тој ги напушти родителите и се замонаши. Откако помина неколку години во секакво смирување, одлучи да се предаде на посебен подвиг, дотогаш непознат во Црквата подвигот на столпништвото. Останатиот дел од животот го помина на врвот од еден висок столб, по дожд и по ветер, по жешко и студено време. Господ го удостои со дар на чудотворство. На сите што доаѓаа при него им помагаше како што можеше, исцелувајќи ги, советувајќи ги, поучувајќи ги. Живееше 103 години. Се упокои во 459 година, а моштите му беа подоцна пренесени во Антиохија.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Возвишение на Светиот крст.

Според едно предание царицата Јелена го пронашла светиот Крст на Калварија. Таа најсвета реликвија за христијаните, во една војна на источноримскиот цар Херкалиј против Перзијанците паднал во нивните раце. Царот Хераклиј (610-641) на чудесен начин го победил перзијанскиот крал, а како прва договор за мир го поставил барањето на христијаните да им биде вратен Исусовиот крст. Ветувањето било исполнето и царот ја пренел реликвијата во Ерусалим. Еден од најголемите мотиви за славење на денешниот празник е прославата на Светиот крст кој христијаните ги спаси од вечната смрт.

Вести

Извршена еутаназија врз златната параолимпијка Верворт

Белгиската параолимпијка, Марик Верворт, го активираше барањето за еутаназија, што значеше крај на нејзините маки, и смрт. Верворт која имаше 40 години, а на Параолимписките игри во Лондон 2012 година освои златен медал во трката […]

Бизнис

„Герешајмер“ го означи почетокот на изградба на новата фабрика во Бунарџик, ќе вработи 400 луѓе

Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик го означи почетокот на изградба на новата фабрика за медицинска пластика. Ова е прва фабрика на реномираната германска компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше […]

Вести

Одобрени 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување на 60 милиони денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Средствата, како што […]