Утре без струја дел од општините Ѓорче Петров и Сопиште


 Во текот на утрешниот ден во период од  07.30 до 15.30 часот без електрична енергија ќе останат објектите на ДУРА Аутомотив, Мурат Виринг Системс и Герешајмер лоцирани во ТИРЗ 2 – индустриска Зона Бунарџик, во општина Илинден.



Како што информираат од Центарот за управување со кризи без струја од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од село Кучково – лоцирани во околината на Старо Буре, општина Ѓорче Петров и во периодот од 09 до 15 часот, корисниците од улиците 2, 4, 6 и 8 во село Долно Соње – корисницитe лоцирани спроти МОСТ маркет, општина Сопиште.