Умерено до значително облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец


– Времето во земјава ќе биде умерено до значително облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд.


 

Утринската температура ќе се движи од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.

Во Скопје,  умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Во недела ќе се задржи натпросечно топло, но на повеќе места со зголемена облачност. Во вторник дневната температура ќе се намали за неколку степени и ќе има локални врнежи од дожд.