Укината забраната за товарни возила на патот Маврово-Дебар


Поради снег забрани за товарни возила на Стража и Маврово-Дебар - МИА

– Од 08:15 часот утринава укината е забраната за движење на тешки товарни возила и на патот Маврово-Дебар во двата правци, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.



Поради снежни врнежи, на овој патен правец од вчера попладне беше воведена забрана за тешки товарни возила.

Од утринава е нормализиран и сообраќајот на патните правци Велес-Прилеп и Стража-Кичево.