УХМР: Пороен дожд и грмежи денеска и утре попладне


 На повеќе места особено во западните делови денеска и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.


 

Во делови од скопската котлина денеска и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР и препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да се внимава и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.