– Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денеска во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер над 70 километри на час и појава на град.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град.