Состојба на патиштата


– Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.



Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони.

Г.П. Викторија Инвест известува дека на 30.10.2020 г., започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае до завршување на градежните работи.

Г.П Илинден – Струга известува дека од 30.10.2020 г. на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с.Врбјани започна со изведување на градежни работи на пат(асфалтирање на риголи), каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 28.09.2020 г. ГД Гранит започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите ќе се одвива по една сообраќајна лента, и ќе се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.