Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози, снег провејува на Попова Шапка и на Стража


– Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.



АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Фото: Архива