Сообраќајот по влажни коловози, магла на патот Катланово – Велес


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот превој Стража, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.



Како што информираат од ЈП Македонијапат, намалена видливост поради појава на магла од 70 – 80 метри има на патниот правец Катланово – Велес.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.