Сообраќајот по наместа влажни коловози, можна е појава на голомразица


Сообраќајот по влажни коловози, внимателно возење по клисурите - МИА

– Сообраќајот на патишта низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, информираат утрово од АМСМ.



На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од АМСМ со препорака до возачите за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.