Сончево со температура до 29 степени


Времето ќе биде сончево и топло со свежо утро и со слаб главно североисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.


 

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 степени, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со утринска температура до 9 степени, а дневна температура до 28 степени.