Сончево со локален пороен дожд, од утре многу топло

Сончево и топло време со услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе преовладува уште денеска. Веќе од утре, синоптичарите најавуваат топло и стабилно време со максимални температури над 35-тиот степен.

Утринската температура денеска ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 24 до 35 степени. Висок ќе биде и УВ индексот и ќе изнесува 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со максимална температура до 33-тиот степен, а попладне локално можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Вести

Јанева и Јовановски повторно на распит за случајот „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција  на распит повторно се повикани осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната СЈО Катица Јанева, откако изминатиот период во врска со овој случај […]

Вести

Хаос во комисијата со Бугарија: Ни Гоце е Македонец, ниту народот може да е македонски

Пошироката јавност се уште не ги знае сите детали од хаосот што се случувало на последната средба на историската комисија со Бугарија. Извори блиски до членови на бугарскиот преговарачки тим тврдат дека не бил проблем […]

Балкан

Земјотреси во Албанија попладнево почувствувани во земјава

Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од десетина  мунити е случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја. […]