Сончево и ветровито


– Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.


 

Утриската температура ќе се движи од -1 до 5, а дневната ќе достигне од 14 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Утре и во деновите од викендот ќе има промена на времето и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20 литри на квадратен метар, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.