Сончево и студено со слаб до умерен северен ветер


– Времето ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -15 до -6, а максималната ќе достигне од -6 до 4 степени.



Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 1 степен.

Во вторник ќе преовладува ведро и студено време со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Од среда ветерот ќе го промени правецот во јужен и температурите ќе бидат во пораст. Облачноста ќе се зголемува, а од четврток кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег.