Санкции за 141 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар



ript>

– Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје санкционираа 141 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.


 

Како што соопшти ПОЦ, во периодот од 11 до 17 октомври 2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на претпријатието отстранети се 73 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението.