Поради градежни работи времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид


– Поради изведување градежни работи на пат – минирање и дупчење на косини во двата правци, денеска ќе има прекин во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан.


 

Како што информира ЈП „Македонија пат“, прекинот на сообраќајот ќе биде во времетраење од 15 до 20 минути во периодот помеѓу 11 и 14 часот.