Пад на водостојот на поголем дел од реките


По некоја риба покрај многу ѓубре може да се најде во тетовската река Пена - МИА

– Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).



Водостојот на Преспанското Езеро, како што информираат од УХМР, за 34 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Пад на водостојот во однос на вчерашниот ден се бележи кај поголем дел од реките во земјава. Пониско е и нивото на Вардар кај Велес и Демир Капија, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива Река, Бабуна, Струмица, Црна Река, Сатеска и Радика.

На исто ниво како вчера е само водостојот на Брегалница, кај Берово. Зголемување има само кај реката Вардар, кај Јегуновце, каде денеска се измерени 140 сантиметри.