Од верските календари


28 февруари 2021


 

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 февруари.

Денеска е Св. апостол Онисим.

Онисим беше малоазиец и живееше во апостолско време. Тој е оној Онисим што се спомнува во посланието на апостол Павле до Филимон. Имено, тој бил роб на Филимон, а потоа избегал од него во Рим. Таму се сретнал со апостолот. Тој го советувал да му се врати на Филимон, а последниов да го прими Онисим како брат. По враќањето на Онисим, Филимон му дал слобода. Онисим подоцна проповедал во Шпанија и Грција. Бил епископ на Ефес после свети Јован Богослов. Пострадал маченички за Христа за време на владеењето на императорот Трајан.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Роман.

Бил роден околу 400 година. Кога бил млад се интересирал за животот на св.Антун, св. Пахомиј и други. Основал манастири и имал способност да лекува болни луѓе. Се одликувал со добрина кон сите. Умрел во 465 година, а грижата за трите манастири кои ги основал му ја препуштил на неговиот брат Лупицинус.