Од верските календари


27 февруари 2021


 

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 февруари.

Денеска е Св. Кирил Солунски.

На денешен ден се празнува споменот на Свети Кирил Солунски (пред замошувањето Константин филозоф, брат на Свети Методиј Солунски). На денешен ден во 869 година Свети Кирил Солунски се упокои во Рим. Тој заедно со Свети Методиј им ја дадоа азбуката на Словените и ги доведоа пред вратите на вистинската просвета, т.е. пред Христа (во црковнот речник крштението најчесто се нарекува просветување).

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Габриел од жалната Богородица.

Бил роден во 1838 година во Асизи, во Италија. На 18-годишна возраст отишол во редовите на пасионистите. Бил страствен ловец, сакал да танцува и убаво да се облекува. Луѓето што го познавале биле многу изненадени кога дознале дека се определил за духовниот живот. Ги почитувал правилата во редот и имал нагласена побожност кон жалната Девица Марија. Затоа бил наречен Габриел од жалната Богородица, а неговото вистинско име било Франческо. Умрел во 1862 година.